Туск укажува на рекордни украински загуби: 27.000 загинати и ранети војници месечно

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека украинската страна го информирала оти во последно време Украина има околу 27.000 загинати и ранети војници месечно. „Нашите партнери од Украина ме информираа дека во последно време станува збор за 27.000 загинати и ранети месечно. Тоа, за жал, се рекорди во најтажната смисла на зборот во оваа војна“, рече Туск во полскиот парламент. Тој …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Дрон погоди нуклеарна централа во Русија

Дрон погодил разладна кула на еден од реакторските блокови на нуклеарната централа Курск во Русија, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Според информациите на агенцијата, ударот се случил рано на 17 септември, додека реакторскиот блок бил во функција. По инцидентот немало промена во режимот на работа на реакторот, ниту избувнал пожар. МААЕ засега не соопшти кој блок бил погоден, …

Continue Reading

Врховен: Не е утврдено како секој од осудените влијаел врз несреќата кај Ласкарци

Врховниот суд го објави образложението за укинување на пресудата на Апелациониот суд за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица. Според Врховниот суд, Апелација не одговорила на сите клучни жалбени наводи и не дала конкретно образложение како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата и врз основа на кои докази е утврдена нивната кривична одговорност. Вештачењата …

Continue Reading

„Антропик“ отвори биолабораторија, ќе користи вештачка интелигенција во реални експерименти

Компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ отвори биолошка лабораторија во областа на заливот Сан Франциско, во која ќе спроведува физички експерименти како дел од своите истражувања за примена на вештачката интелигенција во биологијата, објави „Ројтерс“. Постоењето на лабораторијата го потврди Ерик Каудерер-Абрамс, раководител на одделот за природни науки во компанијата. „Веруваме дека, кога станува збор за биологијата, крајниот тест сè уште …

Continue Reading

Утре до 32 степени, од недела следуваат дожд и грмежи

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно време со сончеви периоди и услови …

Continue Reading

Еден знак влегува во едно од најубавите животни поглавја до крајот на годината

Последните месеци од 2026 година би можеле да бидат пресвртница за еден хороскопски знак. Според астролошките толкувања, станува збор за Лавот, кому му се најавуваат позитивни промени во љубовта, работата и финансиите. За Лавовите, работите што долго време стоеле во место конечно би можеле да почнат да се движат. Претходно вложениот труд може да даде резултати, а мали и навидум …

Continue Reading

Во Шпанија се одржува Светското првенство во редење сложувалки

Светското првенство во редење сложувалки се одржува од 16 до 20 септември во шпанскиот град Ваљадолид, а натпреварувачите се натпреваруваат во поединечна конкуренција, во парови и во тимови. Првенството почна во средата, а меѓу посебните предизвици е редење сложувалка со мотиви од „Покемон“ составена од дури 42.000 парчиња. Во поединечната конкуренција натпреварувачите имаа задача да состават сложувалки од 500 парчиња …

Continue Reading

ЕУ: Не можеме да купиме ракети „Патриот“ додека Киев не ги достави договорите

Европската Унија не може да го финансира набавувањето ракети-пресретнувачи за системите „Патриот“ наменети за Украина бидејќи Киев сè уште не ги доставил потпишаните договори. Поради тоа, Европската комисија не може да изврши исплата на средствата од заемот за поддршка на Украина, изјави портпаролот на Комисијата, Балаж Ујвари, на прес-конференција, пренесува „Украинска правда“. Ујвари појасни дека Европската комисија минатата недела ја …

Continue Reading

Спенсер откри што му понудила кралицата на денот на погребот на Дијана

Братот на принцезата Дијана, грофот Чарлс Спенсер, тврди дека кралицата Елизабета Втора на денот на погребот на Дијана понудила постхумно да ѝ ја врати титулата „Нејзино кралско височество“, но тој ја одбил понудата. Тврдењето е дел од новите мемоари на Спенсер, на кои Бакингемската палата одговорила со ретко соопштение во кое се наведува дека кралот е свесен оти „тагата може …

Continue Reading