Скопје во недела повторно трча во ритамот на Виз Ер Скопскиот маратон

Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан. Годинава …

Continue Reading

(Видео) Левица поднесе интерпелација против Божиновска: ЕСМ во долгови и отворање рудници на смртта не е заштита на јавен интерес

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција информираше дека пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Пратеникот информираше дека интерпелацијата се темели на повеќе прашања поврзани со политиките што Министерството ги спроведува во енергетиката и рударството, а особено со односот кон државните енергетски капацитети и управувањето со природните …

Continue Reading

Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“ за 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото државно признание за животно дело за 2026 година. Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на писателот проф. д-р Венко Андоновски. Во областа на науката и образованието, добитници се проф. д-р Димитар Пандев, лингвист, проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, и проф. д-р Владо …

Continue Reading

Современата терапија за цистична фиброза достапна за 126 пациенти во Македонија

Министерството за здравство денеска го претстави проширувањето на третманот на цистичната фиброза. Современата CFTR-модулаторна терапија сега е достапна за вкупно 126 пациенти, а во 2021 година ја добиваа тројца. Терапијата ја добиваат сите пациенти што ги исполнуваат медицинските критериуми, почнувајќи од двегодишна возраст, како и пациентите со ретки генетски мутации. Со тоа Македонија е меѓу земјите во регионот што ја …

Continue Reading

Филипче: Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции, или нека помогнат или нека ми се тргнат од патот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платофрмата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Па ја погребаа партијата за малку. На издишување беше. Па ние сите во изминативе две години тешко работиме, консолидираме и они сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе …

Continue Reading

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за ново предавство на Македонија кон Бугарите?

Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на се, само колку да биде против се што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев и како предавник, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче вели – прво Бугари во Устав, па се друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент …

Continue Reading

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски со светска премиера во Токио

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“ ќе ја има светската премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Токио на 30 октомври. Филмот е во натпреварувачката селекција на овој фестивал од А категорија. Манчевски и дел од актерската екипа на „Сестра, брат и шахта“ ќе продефилираат по црвениот килим на отворањето на фестивалот во Токио на 26 октомври. По …

Continue Reading

Минчев од Рим: Законите се донесени, сега следи најважниот чекор – нивната целосна имплементација

Време е законите да почнат целосно да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев од Рим, каде денеска со министерот за јавна администрација на Република Италија, Паоло Зангрило, потпиша Меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација на Република Македонија и Одделот за јавна администрација при Претседателството на …

Continue Reading

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагира на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во која го нарекува премиерот, Христијан Мицкоски, „идиот“. „Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција …

Continue Reading