Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ги објави добитниците на највисокото државно признание за животно дело за 2026 година.
Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на писателот проф. д-р Венко Андоновски.
Во областа на науката и образованието, добитници се проф. д-р Димитар Пандев, лингвист, проф. д-р Ѓулумсер Касапи, универзитетски професор, и проф. д-р Владо Поповски, доктор по историски, политички и правни науки.
Одлуката ја донел Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ на својата последна седница, согласно Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 11 октомври 2026 година во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.