МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола
МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против 37-годишен скопјанец ќе бидат поднесени две кривични пријави, откако во разговор со полицијата признал дека го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека постапиле по видеоснимката објавена на повеќе портали и електронски медиуми на 10 …
Continue Reading
Муцунски: Секоја генерација има свои предизвици и битки
Почитувајќи ја жртвата на генерациите пред нас, наша обврска е да продолжиме да градиме слободна, безбедна, почитувана и меѓународно интегрирана држава – дом за сите нејзини граѓани, порачува шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски во честитката по повод 11 Октомври. – 11 Октомври е симбол на слободата, достоинството и државотворноста, ден кога оддаваме почит на храброста и пожртвуваноста на македонскиот …
Continue Reading
Пијан возач со автомобил влетал во полн ресторан во Солун, повредени три лица
Три лица се повредени откако 45-годишен возач со автомобил удрил во стаклениот излог на угостителски објект во населбата Евосмос, во Солун. Според информациите на грчкиот медиум ЕРТ, повикувајќи се на полицијата, возачот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во локалот. При алкотестирањето било утврдено дека 45-годишникот управувал со автомобилот под дејство на алкохол. Во несреќата биле повредени …
Continue Reading
Координирана акција на Македонија и Косово за спасување на двајца планинари
Двајца странски државјани кои планинареле кон врвот Пирибег биле затекнати од неповолни временски услови и се засолниле во планинарски објект во близина на границата со Косово. По координирана акција на надлежните служби од двете земји, планинарите биле пронајдени во добра здравствена состојба и транспортирани кон Штрпце, на косовска територија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пријавата била примена денеска …
Continue Reading
Армијата ја претстави современата опрема и вооружување на плоштадот во Куманово за 11 Октомври
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, на градскиот плоштад во Куманово беше презентиран дел од современата опрема и вооружување на Армијата на Македонија. Посетителите имаа можност одблизу да ги разгледаат лесните оклопни возила „Страјкер“ и „Џеј-Ел-Ти-Ви“, како и воено-полициската, алпинистичката и нуркачката опрема, современото пешадиско вооружување и други материјално-технички средства. На настанот присуствуваа претставници на Владата, Собранието, …
Continue Reading
Масовна акција во Турција: Приведени 195 лица и запленето големо количество оружје
Вкупно 195 осомничени лица се приведени во операции на турските безбедносни сили против организираниот криминал, објави турската државна телевизија ТРТ Хабер, повикувајќи се на соопштение на Министерството за внатрешни работи. Операциите ги спроведоа екипи на одделите за борба против шверцот и организираниот криминал (КОМ) при Генералната дирекција за безбедност, под координација на јавните обвинителства во Адана, Анкара, Баликесир, Елазиг, Газиантеп, …
Continue Reading
Почина 57-годишен маж откако се превртело пловилото со кое управувал во Охридското Езеро
На 10 октомври 2026 година, во 18:30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело мало пловило со кое управувал А.Н. (57) од Охрид. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт …
Continue Reading
Маж од Кичево пронајден починат во својот дом
66-годишен маж бил пронајден починат во својот дом во Кичево, откако неговата ќерка пријавила дека неколку дена не успевала да стапи во контакт со него. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 10 октомври 2026 година, во 16:45 часот, во ОВР Кичево, А.Ј. (32) од Битола пријавила дека не може да го контактира својот татко Л.Ѓ. (66) од Кичево. …
Continue Reading
Најмалку 11 загинати и 27 повредени во судир на туристички автобус и камион во Турција
Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во западниот дел на Турција, откако туристички автобус се судрил со камион на автопатот во провинцијата Маниса. Несреќата се случила денеска околу 11 часот по локално време, во близина на наплатната рампа Акхисар, на автопатот Гебзе – Орхангази – Измир, соопштија локалните власти, пренесува Танјуг. Според првичните информации, …
Continue Reading