Калас: Важно е преговорите меѓу САД и Иран да продолжат
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, повика на продолжување на разговорите меѓу САД и Иран и го пофали Пакистан за неговата улога во посредувањето меѓу двете земји. Калас ги даде овие забелешки на почетокот на 8-миот стратешки дијалог меѓу ЕУ и Пакистан во Исламабад, каде што се сретна со пакистанскиот министер за надворешни работи, Ишак Дар. „Ова е …
Continue Reading
Традиционален концерт со учениците од Државните музички училишта во Македонската филхармонија
Традиционален концерт со учениците од Државните музички училишта во Македонија, насловен „Младите доаѓаат“ ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. Диригентка е маестра Бисера Чадловска, а ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), …
Continue Reading
Горан Мисовски реизбран за претседател на НСДП
Вчера во Скопје се одржа Седмиот конгрес на НСДП на кој за претседател беше избран Горан Мисовски, досегашниот претседател на партијата. На Конгресот беа избрани Централен одбор со 70 члена и Надзорен одбор со 9 члена. Покрај изборот на претседател на партијата и партиски органи за мандатниот период 2026-2030 година, делегатите на Конгресот го разгледаа и усвоија Извештајот за работата …
Continue Reading
Тинејџер од Холандија тешко повреден во Сплит: странец му го искршил носот среде улица
Полицијата во Сплит започна кривична истрага по физички напад во кој млад странски државјанин беше тешко повреден, известуваат хрватските медиуми. Инцидентот се случил ноќеска околу 2:30 часот наутро, кога 18-годишен холандски државјанин побарал медицинска помош во болница во Сплит. Тој тврди дека бил нападнат од странец Според неофицијални информации и изјавата што ја дал претепаниот млад човек во полицијата, тој …
Continue Reading
Селин Дион најавува 10 дополнителни концерти во Париз поради големиот интерес
Париската романса на Селин Дион не беше доволна – светската ѕвезда денеска најави серија од десет нови концерти во мај 2027 година, по пауза од 16-те концерти што ќе ги одржи во септември и октомври оваа година. „Новите датуми, планирани помеѓу 8 и 29 мај, се закажани за да се задоволи невидениот интерес на фановите“, објави нејзиниот тим во соопштение. …
Continue Reading
Русија забрани извоз на гориво за авиони
Русија го забрани извозот на гориво за авиони до крајот на ноември со цел да се обезбедат доволно залихи на домашниот пазар, објави денес руската влада. Според соопштението на владата, забраната важи и за гориво за авиони купено преку стоковни берзи и ќе биде во сила до 30 ноември. „Целта е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на гориво“, …
Continue Reading
Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата
Градот Скопје ја реализираше втората авионска фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на територијата на градот. „Активностите беа спроведени во раните утрински часови, согласно предвидената програма, законските обврски кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје“, велат од Град Скопје. Како што известуваат од Градот, во текот …
Continue Reading
(Видео) Таткото на загинатиот тапанар на ДНК објави дека гробот на неговиот син е ограбен 14 пати
Таткото на тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев кој загина во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, објави на социјалните мрежи дека гробот на неговиот син бил ограбен 14 пати. Во последното видео, се гледа како една жена краде цвеќиња од гробот. „14 кражби на нашиот ангел и ден денес не го оставаат гробот на мојот син.Не знам со какво срце и душа се …
Continue Reading
Кумановец држел во заложништво негов познаник: Го тепал, сексуално го вознемирувал и го терал да се дрогира
Полицијата уапси кумановец кој противправно држел лице од Куманово во својот дом, физички го напаѓал и го принудувал да користи дрога и орално да го задоволува. Според информациите на МВР, вчера во 21:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.П.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека од 23:00 часот на 29 мај до 07:00 …
Continue Reading