Израелската војска урна куќа на палестински напаѓач на Западниот брег

Израелските безбедносни сили синоќа на окупираниот Западен Брег ја урнаа куќата на палестинскиот напаѓач кој уби Израелец во март во Тел Авив. Во вооружениот напад во март 22-годишниот Мутаз Салах ал Каваџа рани уште двајца Израелци, јавуваат израелските медиуми. Напаѓачот потоа бил убиен од израелски војници и цивили. Израелските војници по полноќ влегле во населбата Нилин во близина на Рамалах, …

Continue Reading

Целосно е обновено детското игралиште кај Градски ѕид Блок 3

Општина Центар целосно го реконструираше детското игралиште во Градски ѕид Блок 3. Игралиштето доби обновени клацкалки, лизгалки, лулашки, покривни и подни површини како и замена на останатите оштетени реквизити. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најави реконструкција на повеќе детски и спортски игралишта во општината. -Најсилната детска смеа доаѓа од детските игралишта затоа овој период сме посветени на нивна реконструкција …

Continue Reading

Воведно коло на тенискиот турнир „Македонија Опен 2023“

По комплетирањето на квалификациските натпревари, денеска почнува главната фаза на силниот АТП Челинџер турнир „Македонија Опен 2023“, кој се игра за награден фонд од 73.000 евра, а победникот ќе освои и 75 АТП поени. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски, кој неделава напредуваше на АТП листата на 415 место, за пласман во второто коло ќе игра против Дино Призмиќ од Хрватска. …

Continue Reading

Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје

Град Скопје соопшти дека од 23 до 26 мај во период од 22:00 до 03:00 часот, ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини. Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите …

Continue Reading

Керол: Ќе барам од Трамп поголема компензација

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Таа рече дека ќе бара уште најмалку 10 милиони долари дополнителна отштета за коментарите што поранешниот американски претседател ги даде на Си-Ен-Ен, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба. …

Continue Reading

Водостоите на реките пониски од вчерашните

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за мај, но речиси кај сите има намалување на нивото во споредба со вчерашното. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчерашниот од 34 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес. Зголемување на нивото во споредба …

Continue Reading

Со богата програма црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе го одбележа Денот на сесловенските просветители

Со настапи на хорови и културно-уметнички друштва, како и со богата црковна програма во црквата „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, патрони на црквата во Гевгелија. Според информацијата од Гевгелиското архиерејско намесништво, празнувањето почнува попладне со Акатист со петолебие, а продолжува со настап на Градскиот хор „Гортинија“ и настап на „Распеани гевгеличани“. Празнувањето продолжува утре …

Continue Reading

Вчера изречени 234 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во …

Continue Reading

Ерменија: Азербејџан изврши вооружен напад во пограничната област

Вооружените сили на Азербејџан синоќа ги нападнале позициите на ерменската војска во пограничната зона, во правец на селото Кутакан во Гегаркунската област, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија. „Во понеделник, на 22 мај, во 23:20 часот по московско време, единиците на вооружените сили на Азербејџан отворија оган врз ерменските позиции во правец на Кутакан, користејќи оружје од различен калибар. На …

Continue Reading