Керол: Ќе барам од Трамп поголема компензација

kerol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Колумнистката Е. Џин Керол најави дека ќе го зголеми своето барање за отштета во првата од двете тужби за клевета што ги покрена против поранешниот американски претседател Доналд Трамп.







Таа рече дека ќе бара уште најмалку 10 милиони долари дополнителна отштета за коментарите што поранешниот американски претседател ги даде на Си-Ен-Ен, откако поротата го прогласи за виновен за сексуална злоупотреба.

Федералната порота во Менхетен на 9 мај донесе одлука дека Трамп сексуално ја злоупотребувал Керол во 1990-тите, а потоа ја наклеветил во октомври 2022 година, кога рече дека таа лажела претходно.

Поротата му нареди на Трамп да исплати отштета на Керол во износ од пет милиони долари, но поранешниот американски претседател поднесе жалба на пресудата, велејќи дека тврдењата на Керол се „тотална измама“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK