Со богата програма црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија ќе го одбележа Денот на сесловенските просветители

kiril-i-metodij
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со настапи на хорови и културно-уметнички друштва, како и со богата црковна програма во црквата „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде одбележан Денот на сесловенските просветители, патрони на црквата во Гевгелија.







Според информацијата од Гевгелиското архиерејско намесништво, празнувањето почнува попладне со Акатист со петолебие, а продолжува со настап на Градскиот хор „Гортинија“ и настап на „Распеани гевгеличани“.

Празнувањето продолжува утре со празнична утрена богослужба, потоа следува Света златоустова литургија и благословување на празничните кумски колачи и Водосвет.

Утре се организира и Торжествено празнична литија која ќе тргне од дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ со иконата на Мајката Божја и ќе прошета низ Гевгелија, низ Градското шеталиште, па ќе помине покрај зградата на Општина Гевгелија и повторно ќе се врати во Црквата, каде ќе настапат Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево и ансамблите „Бојмија“ и „Македонија“.

Празничната програма завршува на пладне со послужување ручек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK