Водостоите на реките пониски од вчерашните

reki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за мај, но речиси кај сите има намалување на нивото во споредба со вчерашното.







Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчерашниот од 34 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес. Зголемување на нивото во споредба со вчера од еден сантиметар единствено има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани, а исто ниво со вчерашното има само Брегалница кај Берово.

Водостоите, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера. При тоа, единствено нивото на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 17 сантиметри кај Охридското, односно за 1,93 метри кај Преспанското Езеро.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK