Блинкен: Опиплив напредок кон постигнување консензус меѓу Ерменија и Азербејџан

Азербејџан и Ерменија остварија „опиплив напредок“ кон постигнување консензус во преговорите во изминатите неколку дена, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека конечен договор е „на повидок“. Оваа недела Вашингтон е домаќин на министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, Арарат Мирзојан и Џејхун Бајрамов. Тензиите меѓу двете земји повторно ескалираа откако Азербејџан постави патен контролен пункт на …

Continue Reading

Густаво Петро: Мислам дека не е фер да се каже дека само Русија е виновна за војната

Колумбискиот претседател Густаво Петро за време на неговата официјална посета на Шпанија повика на почеток на безусловни мировни преговори меѓу Русија и Украина. – Ставот на Латинска Америка е дека треба да има мировен договор бидејќи страдаме од зголемување на гладта поради порастот на цените на храната, рече Петро во интервју за шпанскиот весник Ел Паис. – Не е во …

Continue Reading

Жителите на Аеродром и Карпош без вода

Од 9:00 часот денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“ и дел од „3-та Македонска Бригада“, вклучително и поранешната амбуланта „Пролет“ во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. „Никола Карев“ бр.9. Исто така, д 10:00 часот без вода ќе бидат …

Continue Reading

Трамп нема да може јавно да зборува за доказите во постапката против него

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема да може јавно да зборува за одредени докази во кривичната постапка против него за наводно тајно плаќање на порно актерката Сторми Даниелс, изјави судијата на Менхетен, Хуан Меркан. Тој додаде дека ограничувањето ќе важи само за доказите што ги собра обвинителството и му беа предадени на поранешниот американски претседател за да се подготви за …

Continue Reading

Концерт со маестро Шаровски и хорнистот Боштјан Липовшек во Филхармонија

Оркестарот на Македонска филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Вилает“ на кој како солист ќе настапи хорнистот Боштјан Липовшек од Словенија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел. Како што информираат од Филхармонија, на програмата на концертот се „Унгарски танц“ бр. 1 и Четвртата симфонија од Јоханес Брамс и Концертот за хорна и оркестар од Реинхолд Глиер. Германскиот …

Continue Reading

Проекција на документарецот „Во потрага по главната улица Америка“ од Наум Пановски

Проекција на трилогијата „Во потрага по главната улица Америка“ од авторот Наум Пановски ќе се одржи денеска во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје, по што ќе следи и разговор помеѓу авторот Пановски и филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре. „Во потрага по главната улица Америка“ е документарен видео колаж/асамблаж во три дела, изработен од архивски и актуелен …

Continue Reading

Презентација на ИПАРД програмата во Кавадарци

ИПАРД програмата ќе биде презентирана денеска во Кавадарци, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму најавија дека на презентацијата ќе бидат присутни министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, градоначалникот Јанчев и претставници на телото со управување на ИПАРД и претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. – Телото за управување со ИПАРД …

Continue Reading

Во МОН средба со професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството

Инклузивна средба со претставници на академската фела денеска ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука, со учество на универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други. По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките, кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната …

Continue Reading

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2.100 денари. Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека средствата се обезбедени во Буџетот. …

Continue Reading