Во МОН средба со професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инклузивна средба со претставници на академската фела денеска ќе се одржи во просториите на Министерството за образование и наука, со учество на универзитетски професори од областа на педагогијата и психологијата, социологијата, безбедноста и сајбер насилството и други. По завршување на средбата, како што најави МОН, ќе бидат соопштени заклучоците, односно препораките, кои ќе бидат иницијален чекор за подигнување на институционалната грижа за правилен раст и развој на младите.







Од МОН потенцираат дека  случувањата во нашето соседство вклучија сериозен аларм оти институционалната, семејната и индивидуалната посветеност и грижата за правилниот раст и развој на децата треба да се подигнат на уште повисоко ниво.

– Како креатори на образовните политики, Министерството за образование и наука заедно со Владата на Република  Македонија и сите други засегнати институции и установи, согласно своите надлежности, веднаш започнуваме со ревидирање на воспитната компонента на образовниот систем, механизмите за детекција на предизвици и формите на поддршка на учениците и семејствата. Очекуваме поддршка од сите засегнати чинители, експертската јавност, граѓанскиот и невладиниот сектор, бизнис заедницата и меѓународните партнери, кои и досега имаат важен придонес во напорите за заштита на правата на децата, за заштита на физичкото и менталното здравје, спречувањето на врсничко и неврсничко насилство и така натаму. Образовниот систем има примарна улога во градењето на младите како личности кои треба да ги прифаќаат и применуваат вистинските човечки, етички и морални вредности и норми. Но, какви генерации ќе создадеме не зависи само од наставниот кадар и стручните служби во училиштата. Тоа е обврска на сите општествени чинители, се наведува во соопштението на МОН.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK