Кумановскиот градоначалник Димитриевски оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски денеска се сретна со грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду, информираа од општината. Амбасадорката е во прва официјална посета на Општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски имаше работен состанок со амбасадорката Софиа Филипиду и секретарот Димитриос Псиахас. – Во пригодна атмосфера се потенцираа досегашните искуства и активности меѓу двете држави. Се разговараше и за актуелните општествени теми …

Continue Reading

Уставните измени и скринингот во фокусот на средбата Лога-Дрекслер

Уставните измени, скринингот, евроинтегративните процеси и актуелните состојби во правосудството беа во фокусот на средбата на министерот за правда, Кренар Лога, со новата амбасадорка на Германија, Петра Дрекслер. Како што информираат од Министерството за правда, Министерот Лога на средбата истакнал дека работната група за подготвување на предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот интензивно работи и очекува во најскоро …

Continue Reading

„Генералка Викенд“ оваа сабота во Охрид

Општина Охрид се вклучува во големата  еколошка акција „Генералка викенд“ што в сабота ќе се реализира во повеќе градови низ земјата. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат учество и …

Continue Reading

Велика Британија испраќа ракети со долг дострел во Украина

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека Велика Британија испраќа крстосувачки ракети со долг дострел во Украина за да помогне во борбата против руските сили. Валас пред пратениците во Долниот дом рече дека Велика Британија ги подарува ракетите Storm Shadow со дострел од повеќе од 500 километри. Тој не кажа колку ќе бидат испратени, ниту дали веќе пристигнале …

Continue Reading

За четири месеци во Тетово „пајак-службата“ подигнала 1440 возила

Во периодот од јануари до април односно за четири месеци СВР Тетово има евидентирано дека се преземени 906 мерки за неправилно паркирање, а 1440 возила се подигнати од пајак-службата. Најголемиот број од мерките се однесувале на паркирање на недозволени места и во таканаречени „двојни-редови“. -Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, во координација и со …

Continue Reading

Заседава работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот попладнево во Владата ја одржува трета седница. Претседателката на работната група и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска пред почетокот на средбата рече дека ќе продолжат да работат на разгледување одредби од Деловникот за работа. Се додека не биде донесен Деловникот, како што изјави, нема да можат да почнат …

Continue Reading

Во Хрватска прогласен крај на епидемијата на коронавирусот

Хрватската влада денеска официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седница на Владата изјави дека ваквата одлука е донесена откако Светската здравствена организација соопшти дека тоа повеќе не претставува опасност по јавното здравје. – Од оваа голема опасност по здравјето, најголемата пандемија во последните 100 години, мора да извлечеме поуки за понатамошни потенцијални кризи од …

Continue Reading

Битиќи: Младите да развијат иновативни вештини за да ја зголемат вработливоста во услови на дигитализација на економијата

Како што модерната економија поминува низ транзиција кон поголем акцент на еколошките и дигиталните иновации, младите ќе треба да развијат нови вештини за да напредуваат во овој променлив пејзаж. Вештини кои можат да бидат особено вредни во контекст на новите развојни траектории, а кои се поставуваат пред националните економии во 21 век, порача денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за економски …

Continue Reading

Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“

Околу 1.200 учесници од 11 држави во три атлетски трки ќе бидат дел од третото издание на „Трка на поезијата“, што на 21 мај ќе се одржи во Струга во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Новина годинава, како што најави организаторот на манифестацијата, е тоа што официјалните маици ќе бидат испишани со поезија. – Во координација со победниците на …

Continue Reading