Ципрас: Мицотакис јавно призна дека постои скандал со прислушувањата

Од вчерашната дебата, произлезе една ретка вест, Мицотакис за првпат јавно призна дека постои скандал со прислушувањето и дека немаше никаква национална причина за следењата, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас и истакна дека само со прогресивна Влада виновниците ќе сносат одговорност, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот ТВ дуел рече дека …

Continue Reading

Во штипската населба „Пребег“ се инвестираат три милиони денари

Во населбата „Пребег“ во тек се подготвителни градежни работи. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција на улицата Велјко Влаховиќ“ рече дека  од денеска се подготвува оваа улица за асфалтирање, а ќе се работи и на уредување на тортоарските површини на влезот во населбата. Со нешто над три милиони денари општината работи на урбанизација и модернизација на населбата, …

Continue Reading

Реакција од Град Скопје: Сметката не е блокирана

Сметката на Градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата, информираа денеска од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. – За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал …

Continue Reading

Колев: Пет-шест години ни ветуваат реконструкција на мостот кај Башино Село

Состојбата на мостот кај Башино Село е критична. Посебно по обилните дождови, кога низ Вардар пловат големи стебла дрва, што се голема опасност за тенките столбови на мостот. За да се надмине опасноста мостот да се сруши, Општина Велес секој втор ден мора да ангажира и плаќа тешка механизација за да отстрани големи дрва и гранки, заглавени на тенките столбови. …

Continue Reading

Изгласан Законот за задругите, Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво

Собранието вечерва во рамки на 115. седница го изгласа Законот за задругите и ги избра Јулијана Лефковска и Жаклина Просаровска за членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво. Претходно, по целодневна расправа, беше изгласан дневниот ред на 115. седница на која беше утврдена потребата за носење на предлог-измени на пет закони поврзани со изградбата на Коридорите 8 и …

Continue Reading

Португалија бара помош од ЕУ поради големата суша

Португалските власти денеска побараа помош од Брисел за земјоделскиот сектор, поради сушата што ја зафати државата. Министерката за земјоделство Марија до Сеу Антунеш изјави дека сувото време влијае на земјоделството и резервоарите за вода, поради што побарала од Европската комисија да го реши проблемот и да и даде поддршка на Португалија. Метеоролошката агенција ИПМА претходно објави дека во текот на …

Continue Reading

По целодневна расправа изгласан дневниот ред на 115. седница на Собранието

Собранието, вечерва, по целодневна расправа, го изгласа дневниот ред на 115. седница на која во претпладневниот дел, беше утврдена потребата за носење на предлог-измените на пет закони поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д по скратена постапка, со европско знаменце. Означувањето на законите со европско знаменце од страна на Владата, ја одбележа целодневната расправа во тек на која пратениците …

Continue Reading

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче за четири години во Кавадарци

Десет тужби за надомест на штета поради каснување од куче, биле поднесени во кавадаречкиот суд, за изминатите четири години. Ова го потврдија за МИА од Основниот суд. – Во период од 2019, заклучно со 2022 година, пред овој суд се поведени 10 судски постапки по тужби на физички лица, за надомест на штета од каснување на куче, во кои тужени …

Continue Reading

Мартин ја охрабрува Македонија да ги заврши успешно уставните измени

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи и одбрана на Ирска, Михол Мартин ја охрабрува  Македонија да ги заврши успешно уставните измени, за, како што вели, непречено чекорење кон полноправното членство во Европската Унија. Како што соопшти МНР, по средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Даблин, Мартин истакна дека таква обврска имаше и Ирска пред …

Continue Reading