Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“

struga
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 1.200 учесници од 11 држави во три атлетски трки ќе бидат дел од третото издание на „Трка на поезијата“, што на 21 мај ќе се одржи во Струга во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“.







Новина годинава, како што најави организаторот на манифестацијата, е тоа што официјалните маици ќе бидат испишани со поезија.

– Во координација со победниците на минатите изданија на поетскиот конкурс, Биљана и Ана, но и во координација и одобрение од потомците на Димитар и Константин Миладинови на нашата официјална маица оваа година ќе ги најдете стиховите на браќата Миладиновци како едни од главните претставници на македонската преродба во средината на XIX век. Познатата „Т`га за Југ“ ќе оди на двете официјални маици од настанот, а додека „До целта“ од Ана Стојаноска ќе оди на машките учесници и „Трчам со силата на зборот“ од Биљана Тодоровска ќе оди на женските учесници на настанот, соопшти атлетскиот клуб „Спортски мостови“.

Најавија дека дел од учесниците ќе бидат истакнати атлетски имиња мешу кои се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев…

Дел од манифестацијата, додаваат, ќе бидат и локалните компании со учество на нивни вработени во трките. На настанот со повеќе од 120 учесници ќе биде компанијата „Магна“, ИТ компанијата RLDatix со над 60 учесници, „Костал“ ќе учествува со над 50 учесници

Ден пред официјалмата трка, ќе се одржи Детска трка со најмладите, кои ќе се натпреваруваат во пет категории од 4 до 13 години.

Организаторот посочува дека стартните пакети ќе можат да се подигнат од четврток до сабота, нагласувајќи дека на денот на трка нема да има подигање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK