Велика Британија испраќа ракети со долг дострел во Украина

vb
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот министер за одбрана Бен Валас денеска соопшти дека Велика Британија испраќа крстосувачки ракети со долг дострел во Украина за да помогне во борбата против руските сили.







Валас пред пратениците во Долниот дом рече дека Велика Британија ги подарува ракетите Storm Shadow со дострел од повеќе од 500 километри. Тој не кажа колку ќе бидат испратени, ниту дали веќе пристигнале во Украина.

Британскиот премиер Риши Сунак во февруари вети дека Велика Британија ќе биде првата што ќе и обезбеди на Украина оружје со подолг дострел што го побара од нејзините западни сојузници.

Ракетите ќе и овозможат на Украина да гаѓа цели далеку зад линијата на фронтот, вклучувајќи го и Крим, кој е под руска окупација. Британските медиуми јавија дека Украина се обврзала да не користи ракети за напад врз Русија.

Валас рече дека ракетите ќе бидат искористени за потиснување на руските сили на „украинската суверена територија“. Тој додаде дека британската поддршка за Украина е „одговорна, одмерена, координирана и агилна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK