Во Хрватска прогласен крај на епидемијата на коронавирусот

hrvatska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската влада денеска официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот.







Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седница на Владата изјави дека ваквата одлука е донесена откако Светската здравствена организација соопшти дека тоа повеќе не претставува опасност по јавното здравје.

– Од оваа голема опасност по здравјето, најголемата пандемија во последните 100 години, мора да извлечеме поуки за понатамошни потенцијални кризи од овој тип, рече Пленковиќ.

Со одлуката престануваат да важат сите мерки, вклучително и обврската за употреба на маска во здравствените установи и изолација за болните.

Дел од мерките ќе останат во сила само за медицинскиот персонал и тешко болните во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK