Двајца загинати по „вонредна состојба“ на мостот кон Крим

Руските власти соопштија дека две лица загинале по, како што ја нарекуваат „вонредна состојба“ на мостот што го поврзува окупираниот полуостров Крим со Русија. Како што пренесе Би-Би-Си, инцидентот не е наречен напад, но според непотврдени извештаи утрово се слушнале експлозии. Мостот Керч беше отворен во 2018 година и овозможува автомобилско и железничко патување меѓу Русија и Крим – украинска …

Continue Reading

Во Централноафриканската Република пристигнаа неколку стотици припадници на паравоената група „Вагнер“

Неколку стотици искусни борци на руската паравоена група „Вагнер“ пристигнаа во Централноафриканската Република за да ја „осигураат безбедноста“ во земјата пред референдумот што ќе се одржи на 30 јули, соопшти Заедницата на офицери за меѓународна безбедност, група која е тесно поврзана со Вагнер. „Во Банга пристигна уште еден авион со инструктори за работа во Централноафриканската Република. Планираната ротација продолжува. Неколку …

Continue Reading

„Има помош за живот без насилство“, во организација на УНФПА, МТСП и Британската амбасада

Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Британската амбасада во Скопје денека го организираат настанот „Има помош за живот без насилство“. Со овој настан, како што соопштија организаторите, се одбележува Светскиот ден на населението – 11 Јули и ќе бидат споделени достигнувањата од заедничката работа во областа на …

Continue Reading

Состојба на патиштата

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Поради асфалтирање, Делницата Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 г. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај. Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10:00 – 16:00 часот. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од …

Continue Reading

Почнува кампањата „Здрав оброк за секое дете“

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика Љупчо Николовски и Јованка Тренчевска денеска ќе ја почнат кампањата „Здрав оброк за секое дете“. Во дворот од детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ во општина Центар тие ќе ги доделат првите килограми здрава ужинка за дечињата. Николовски, Тренчевска и градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ќе бидат …

Continue Reading

Седници на две собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за европски прашања и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, во второ читање. На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог …

Continue Reading

Зеленски вели дека безбедноста на Европа почнува со суверенитетот на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ја истакна силата на неговата земја во отпорот на руската воена инвазија, 33 години по усвојувањето на Декларацијата за суверенитет на Украина. – Нашата земја никогаш нема да се откаже од суверенитетот. Ова веќе им е јасно на сите во светот, рече тој во својата дневна видео порака, емитувана синоќа во Киев. Зеленски уште еднаш …

Continue Reading

Продолжува дипломатската офанзива за уставни измени, во Скопје министри за Европа на Германија, Франција и Полска

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, денеска во земјава се министрите за Европа на Германија, Франција и Полска. Министерката за Европа на Сојузна Република Германија Ана Лирман, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоренс Бун и Шимон Шинковски …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Краткометражниот игран филм „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ премиерно ќе биде прикажан вечер во 20:30 часот во рамки на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Филмот е во продукција на „Арт Проект Лаб“, кој се снимаше во јуни 2022 година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и …

Continue Reading