Состојба на патиштата

patishta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПРОМЕНИ ВО РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Поради асфалтирање, Делницата Велес – Градско од 12.07. до 22.07.2023 г. во периодот од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај.







Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 06.07 до 20.07.2023 година, делницата Демир Капија – Давидово ќе биде затворена во период од 10:00 – 16:00 часот.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK