Од денеска забрането за движења низ шумите, на Водно нема забрана

Владата на вечерашната 173-та седница ги задолжи стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите. Забраната ќе важи од денеска. Како што информира владината прес-служба, забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно, каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Continue Reading

Колку е реална иднината на Украина во НАТО?

На дводневниот самит на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус, беше заклучено дека иднината на Украина е во НАТО, но не беше одредена временска рамка за членство. Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше полн со оптимизам во пресрет на самитот, очекувајќи да добие прецизна временска рамка кога Украина би можела да стане нова членка на Алијансата, но кога тоа не …

Continue Reading

Портокалова фаза во цела држава до 25 јули, ослободување од работа на најранливите категории

Од денеска до 25 јули продолжува портокаловата фаза во цела држава. Поради тоа Министерството за труд и социјална работа и Владата информираат дека продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури. Како што информира владината прес-служба, се препорачува ослободување од физичко присуство на работното место на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на …

Continue Reading

Сребрен медал за македонските кошаркари на ЕП Б-дивизија У-20

Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место на Европското првенство во Скопје за играчи до 20 години Б-дивизија. Избраниците на селекторот Никола Василев синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ загубија од Чешка со 85:72. И покрај поразот во финалето, црвено-жолтите изборија пласман во А-дивизијата следната сезона. Во мечот за третото месо Украина ја победи Шведска со 83:61.

Continue Reading

Трамп: Ќе склучам договор за еден ден – доколку Путин одбие, на Украинците ќе им дадеме многу, многу повеќе од тоа што досега добија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за Фокс њуз го објасни својот план за постигнување мир во Украина во рок од 24 часа по враќањето на Белата куќа. Трамп објасни дека ќе му препорача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да склучи договор. Тој нагласи дека има добри односи со Зеленски, но и со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека …

Continue Reading

Мексико го освои Голд купот

Репрезентацијата на Мексико го освои Голд купот на КОНКАКАФ откако ноќеска во финалето ја победи Панама со 1:0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот одигран во Лос Анџелес беше Сантијаго Хименез во 88. минута. Во 33. минута Мексико постигна гол којшто беше поништен по интервенција на Вар судиите кои рекламираа офсајд. За Мексико ова е 12. титула во ова натпреварување, …

Continue Reading

Северната хемисфера на Земјата погодена од високи температури и невремиња

Десетици милиони луѓе вчера беа засегнати од пеколните температури што ја зафатија северната хемисфера, во Калифорнија беснееја разорни пожари, додека Азија ја погодија невообичаени бури, што е нов доказ за климатските промени. Во Европа, каде, според експертите, климатските промени се двојно побрзи од светскиот просек, неколку земји се посебно погодени. Во Италија за 16 градови е издаден црвен метео аларм, …

Continue Reading

Двајца мажи загинаа во престрелка во полскиот град Познањ

Двајца мажи се убиени во престрелка во ресторан во центарот на градот Познањ во Полска, соопшти локалната полиција. Полицискиот портпарол Анджеј Боровијак објасни дека инцидентот се случил во градината на хотелски ресторан во Стариот град во Познањ, популарна туристичка дестинација. Според него, еден маж е убиен на лице место, додека другиот починал во болница. Боровијак изјави дека полицијата е „сигурна“ …

Continue Reading

СБ на ОН првпат ќе расправа за вештачката интелигенција

Советот за безбедност на ОН неделава во Њујорк ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачка интелигенција, откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за нејзиното влијание врз глобалниот мир и безбедност. Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од овој вид технологија што би можела суштински да ја промени светската економија и да ја преобликува меѓународната …

Continue Reading