Астрономски календар

– Денеска е сабота, 20 мај 2023 година, 140-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 225 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 19 часот и 52 минути. Денов трае 14 часа и 42 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 5 часот и 20 …

Continue Reading

Во населбата ” Венец1″ во Дебар ќе бидат целосно реконструирани пет улици

– Во населбата ” Венец1″ во Дебар целосно ќе бидат реконструирани пет улици и ќе се изгради атмосферска канализација. Со цел запознавање со работите кои ќе почнат деновиве локалната власт организираше средба на која беа поканети за присуство жителите од оваа населба. – Со овој значаен проект ќе бидат опфатени улиците ” Пролетерска” ” Ленинова” ” Борис Кидрич” ” 4 …

Continue Reading

Доделени наградите за најдобрите десет матуранти во Делчево

– Во Делчево доделени наградите за најдобрите десет матуранти од Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“. На доделувањето на наградите му претходеше матурско дефиле низ центарот на градот. Доделувајки им ги наградите, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски рече дека вечерва е празник на младоста, елеганцијата и  убавината понесена од новата генерација матуранти од делчевскиот средношколски центар. -Сите заедно со …

Continue Reading

Сарацин: Уставните измени се дел од договорот со ЕУ, нема да има друга понуда на маса

 – Уставните измени се предуслов и се дел од договорот со ЕУ, затоа истите треба да се спроведат, изјави специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Тој во гостувањето на Клик Плус на ТВ 21, прашан за тоа дали земјава ќе успее во дадениот рок да ги направи уставните измени, вели дека не може …

Continue Reading

Во Белград повеќе десетици илади граѓани по третпат на протест „Србија против насилството“, блокиран мостот Газела

-Во Белград во 18 часот како што најавија од проевропската опозиција по трет пат се одржува масовен протест со учество на повеќе десетици илјади граѓани, кој се одржуваат по повод масовните убиства во Србија, со слоганот „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот се одвива во мирна атмосфера, на него има повеќе граѓани од претходните два протести, …

Continue Reading

Во следните денови на состанокот на Г7 се очекува средба Бајден – Зеленски

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе има средба со американскиот претседател Џо Бајден „во наредните денови“ на состанокот на Г7 во Хирошима. Тоа го изјави денеска шефот на Кабинетот на Зеленски. Двајцата лидери ќе разговараат за низа теми, вклучително и меѓународната коалиција за борбени авиони, благодарение на која „Украина наскоро ќе има се што и е потребно за да го заштити …

Continue Reading

Поради високата инфлација реалните пензии во градовите во Албанија се намалиле за 6 отсто, во руралните средини останале непроменети

– Албанските пензионери во најголем дел примаат исплати многу пониски од прагот на сиромаштија во Албанија (6,7 американски долари дневно), но минатата година пензиите забележаа голем пад како резултат на високата инфлација, објави  весникот Монитор. Официјалните податоци на Институтот за статистика  покажуваат дека минатата година просечната пензија во градовите со сите надоместоци била 18.621 лека што е раст од 0,7 …

Continue Reading

Данска ќе обучува украински пилоти Ф-16 откако таков потег одобрија САД

–   Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство, изјави денеска министерот за одбрана на таа држава, откако Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев. – Скандинавската земја „сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави …

Continue Reading

Началникот на Генералштабот на Армијата во Софија ќе учествува на конференција на началници на ГШ на балканските земји

– Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе учествува на шеснаесетата конференција на началниците на Генералштабови на Армиите на балканските земји, што се одржува во Софија, најавува Министерството за одбрана. Од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Министерството за одбрана информираат дека генерал Ѓурчиновски, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Бугарија.

Continue Reading