Доделени наградите за најдобрите десет матуранти во Делчево

delcevo_56757656
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Делчево доделени наградите за најдобрите десет матуранти од Средното општинско училиште „Методи Митевски – Брицо“. На доделувањето на наградите му претходеше матурско дефиле низ центарот на градот. Доделувајки им ги наградите, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски рече дека вечерва е празник на младоста, елеганцијата и  убавината понесена од новата генерација матуранти од делчевскиот средношколски центар.







-Сите заедно со вас и вашите професори, вечерва го славиме вашиот успех, драги матуранти и верувајте, дека сме горди на вас. Успеавте да го освоите првото клучно скалило во вашето образование и во вашиот живот. Иднината е пред вас, почитувани матуранти. Чекорејќи во животот не заборавајте дека иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа, а убавината на образованието е во тоа што никој не може да го украде она што си го научил. Образованието е клучот за отворање на светот, пасош за слободата, рече Трајковски.

Директорката на гимназијата Дијана Цонева на матурантите им посака да продолжат со своите амбиции и соништа, да бидете упорни и одговорни поединци, гордо чекорејки пред сите предизвици во животот.

-Образованието што го стекнавте во текот на школувањето треба да ви биде основа за иднината, а незаборавните ученички денови и пријателства да ве држат цврсто во животот и да ви останат како аманет за едно другарство кое ќе ве следи целиот живот, рече Цонева.

Епитетот првенец на генерацијата матуранти годинава и припадна на ученичката Ана Телетанска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK