Поради високата инфлација реалните пензии во градовите во Албанија се намалиле за 6 отсто, во руралните средини останале непроменети

– Албанските пензионери во најголем дел примаат исплати многу пониски од прагот на сиромаштија во Албанија (6,7 американски долари дневно), но минатата година пензиите забележаа голем пад како резултат на високата инфлација, објави  весникот Монитор. Официјалните податоци на Институтот за статистика  покажуваат дека минатата година просечната пензија во градовите со сите надоместоци била 18.621 лека што е раст од 0,7 …

Continue Reading

Данска ќе обучува украински пилоти Ф-16 откако таков потег одобрија САД

–   Данска ќе помогне во обуката на украински пилоти за борбениот авион Ф-16 од американско производство, изјави денеска министерот за одбрана на таа држава, откако Вашингтон објави дека ќе ги поддржи напорите за обука на пилоти на Киев. – Скандинавската земја „сега ќе може да продолжи напред за колективен придонес за обука на украински пилоти да летаат со Ф-16, изјави …

Continue Reading

Началникот на Генералштабот на Армијата во Софија ќе учествува на конференција на началници на ГШ на балканските земји

– Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, ќе учествува на шеснаесетата конференција на началниците на Генералштабови на Армиите на балканските земји, што се одржува во Софија, најавува Министерството за одбрана. Од Канцеларијата за воени односи со јавноста при Министерството за одбрана информираат дека генерал Ѓурчиновски, денеска и утре ќе биде во работна посета на Република Бугарија.

Continue Reading

Сијарто: Украина нема да добие помош сè додека не ја отстрани ОТП банка од црната листа

– Унгарија ќе продолжи да ја блокира исплатата на новата транша од воената помош на ЕУ за Украина сè додека Киев не ја отстрани унгарската ОТП банка од листата на меѓународни спонзори на руската инвазија, изјави во Виена унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. По средбата со шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, Сијарто неодамнешното вклучување на ОТП банка …

Continue Reading

Мајами подобар од Бостон во првиот натпревар од финалето на Источната конференција

– Мајами хит ноќеска го победи Бостон селтикс со 123:116 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Резултатот во серијата прв до четири е 1-0.   Најзаслужен за победата на „жешките“ е Џими Батлер кој постигна 35 поени.   Вториот натпревар ќе се одигра на 20 мај исто така на теренот на Бостон.   Во финалето на Западната конференција од …

Continue Reading

ЕУ и САД формираа заедничка работна група за здравство

– ЕУ и САД формираа нова заедничка работна група за здравствени прашања, во чии рамки ќе се воспостави соработка во областа на малигните заболувања, глобалните здравствени закани, синџирите на снабдување и инфраструктурата, изјави синоќа еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес и американскиот министер за здравство Хавиер Бесера. Работната група е формирана како дел од проширувањето на договорот за соработка за решавање …

Continue Reading

За власта, недонесувањето на уставните измени ќе ја изолира државата, опозицијата останува на ставот дека нема да има промена на Уставот

– Ако не бидат донесени уставните измени, тоа би ја однело земјата во изолација и може да резултира Северна Македонија да не се интегрира во ЕУ уште многу децении, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Опозицијата, пак, останува на ставот дека во овој пратенички состав, Собранието нема мандат, ниту демократски легитимитет да отвори или менува Устав. – План Б е …

Continue Reading

Монтана е првата американска држава што го забрани Тик Ток

– Гувернерот на американската сојузна држава Монтана, Грег Џанфорте потпиша нацрт-закон за забрана на активностите на кинеската компанија „Тик Ток“ во државата. Со тоа, Монтана официјално стана првата американска држава што ја забрани популарната платформа за споделување кратки видеа. Монтана воведува законска забрана на Гугл и Епл да ја нудат апликацијата Тик Ток во државата. Рестриктивната мерка стапува во сила …

Continue Reading

Кулеба му кажал на кинескиот претставник дека Украина нема да прифати предлози за отстапување територии на Русија

– Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба во Киев имаше средба со кинескиот специјален пратеник, кому му рекол дека неговата земја нема да прифати никакви предлози за прекин на војната со Русија, кои вклучуваат губење територии или замрзнување на конфликтот, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи. Ли Хуи, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен …

Continue Reading