Синоќа околу 21.15 часот на регионален пат Тетово-Волковија, кај тетовска Брвеница, патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(73) од тетовски Челопек, удрило во 87-годишната Р.А. од Брвеница.
Во несреќата Р.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на лице место изврши увидна екипа од СВР Тетово.