Унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува во Кина како национален политичар и не зборува во име на Европа, изјави денеска германскиот потпретседател Роберт Хабек.
„Унгарската политика често не ја претставува суштината на размислувањето во Европската унија“, рече Хабек во Штутгарт по повод денешната посета на Орбан на Кина и разговорите со кинескиот претседател Кси Џинпинг, пренесува Ројтерс.
Орбан денеска пристигна во ненајавена посета на Пекинг, каде се сретна со претседателот на Кина, Си Џинпинг, а претходните денови ги посети и Москва и Киев.