Десетици илјади луѓе се собраа на почетокот на традиционалниот фестивал во шпанскиот град Памплона, кој ќе вклучува и трката со бикови.
Фестивалот Сан Фермин ќе трае девет дена со дури повеќе од 500 активности и многу забава, објави шпанскиот весник „Ел Паис“.
И покрај тоа што врнеше, не обесхрабри повеќе од 12.000 луѓе собрани на плоштадот пред градското собрание, меѓу кои беше и градоначалникот Жозеба Асирон.
🔴 La salida de los gaiteros desata el fervor entre los congredados en la plaza tras el Chupinazo.#SanFermín2024 #Sanfermines2024 #SanFermín #Pamplona #Chupinazo #Navarra pic.twitter.com/JbZ22nb0DV
— Diario de Noticias (@NoticiasNavarra) July 6, 2024
Учесниците на фестивалот ги очекува жестока трка во која стотици луѓе трчаат пред биковите по патека долга 848 метри.
Од 7 до 14 јули овој ритуал ќе се повторува секој ден, а за време на трката со бикови учесниците облечени во бело и со традиционален црвен шал околу вратот трчаат низ историскиот центар на Памплона, еуфорично бодрени од присутните.
Познатите трки со бикови ги овековечи Ернест Хемингвеј во романот Фиеста.