Малолетничка тешко повредена откако ја удри возач со „пасат“

soobrakajka-8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На улицата „Партизанска“ во Струга вчера патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала Е.Х.(51) од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.


Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK