Во Русија започна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија

lukasenko-putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Русија почна втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили, во која учествуваат и силите на Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.


„За време на вежбата ќе бидат разработени прашања за заедничка обука на единиците на вооружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти Министерството, а пренесува РИА Новости.

Во соопштението се нагласува дека целта на маневрот е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на двете земји, со цел да се обезбеди суверенитет и територијален интегритет на Унијата на Русија и Белорусија.

Министерството за одбрана на Белорусија вчера соопшти дека земјата ќе учествува во нова фаза од вежбите на нуклеарните сили со Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK