Лавров: Западот се обидува да наметне свој поредок во светот

lavrov1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС во Нижни Новгород, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека последните настани на глобалната сцена го откриле „вистинското лице на Западот, кој се стреми да го наметне својот поредок во светот”.


„Неодамнешните меѓународни настани ги демаскираа оние кои досега вербално го тврдеа речиси ексклузивното право да воспостават таканаречени универзални вредности кои се пропагираат како поредок заснован на правила“, истакна Лавров, пренесува ТАСС.

Тој изјави дека поддржувачите на овој концепт се обидуваат да наметнат норми и механизми на интеракција кои само нив им користат, заменувајќи го рамноправниот и искрен дијалог со коалиции кои дејствуваат прикриено и бараат право да зборуваат и да дејствуваат во име на целиот свет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK