Јужнокорејската армија истрела предупредувачки истрели кон 20 севернокорејски војници

ѕ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти денеска Генералштабот во Сеул (ГШ).

Според извештаите, околу 12:30 часот по локално време во неделата, околу 20 севернокорејски војници накратко ја преминале демаркационата линија во демилитаризираната зона во централниот дел на границата, а потоа се вратиле на севернокорејската страна по предупредувањето од јужнокорејската војска.

Војската на Јужна Кореја смета дека севернокорејските војници извршувале мисија во демилитаризираната зона и „ненамерно“ ја преминале границата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK