Словенија во 2023 година издаде 5.000 дозволи за престој и работа за лица од Србија

po.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Словенија минатата година издала 5.000 согласности и дозволи за престој и работа на лица од Србија во таа земја, изјави денеска генералниот директор на Агенцијата за вработување на Словенија, Грета Метка Барбо Шкербинц.


На состанокот „Животот и работата во Словенија“, организиран во Белград со цел да се претстават условите за живот и работа во Словенија, а на кој се претставија околу 60 словенечки работодавачи од различни сектори, таа рече дека миграцијата на работна сила е реалност и дека многу е важно луѓето кои одат во друга земја да работат да добијат целосни информации и да се почитуваат нивните права.

„Сакаме потенцијалните вработени да добијат навремени и целосни информации и да разберат дека вработувањето се организира преку јавни служби, а не преку посредници и затоа го организиравме овој настан“, изјави Метка Барбо Шкербинц.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK