Украина објави дека нејзините сили првпат го собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија.
Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област во Русија, кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот, беше соборен повеќенаменски ловец Су-57, пренесува Интерфакс Украина.
Во своите тврдења, украинските разузнавачи се повикуваат на сателитски снимки од местото каде што се наоѓал авионот на аеродромот.
„Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, а веќе следниот ден во неговата околина како последица од пожарот се појавиле кратери од експлозии и карактеристични траги од пожар“, се вели во соопштението.
Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација.