Во Бугарија се одржуваат шестите парламентарни избори во последните три години

Screenshot-2024-06-09-085222.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Бугарија денеска се одржуваат шестите парламентарни избори во последните три години.


Според аналитичарите, малку е веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека ниту овојпат нема да добие мнозинство ниту една партија.

Избирачките места се отвораат во 7 часот по локално време, а затвораат во 20 часот.

Излезните анкети треба да бидат објавени веднаш по затворањето на гласачките места.

Првите делумни резултати се очекуваат околу полноќ.

Денешното гласањето беше предизвикано од падот на владејачката коалиција во март, која се состоеше од централно-десничарската партија ГЕРБ и реформистичката партија Продолжуваме со промените (ПП).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK