Официјален Вашингтон нема да може да ја избегне одговорноста што и дозволила на Украина да користи американско оружје за напади врз цели на територијата на Руската Федерација, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Нема да можат да ја избегнат одговорноста користејќи лаги и лицемерие“, рече Захарова на брифинг со новинарите, пренесува РИА Новости.
Според неа, само неколку часа откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен им дозволил да нападнат цели на руска територија, вооружените сили на Украина ги таргетирале станбените области на Белгород користејќи американски ракети Химарс.