Според последните информации од Кремљ, рускиот претседател почнал да носи панцири на јавни настапи бидејќи е загрижен за својот живот и стравува од атентат, пишува „Дејли Мејл“.
Двајца руски функционери и извор близок до Кремљ изјавија за „Москва тајмс“ дека специјалните служби на земјата „до невиден степен ги засилиле и онака строгите безбедносни мерки околу претседателот Владимир Путин“.
Кремљ е во состојба на готовност поради војната во Украина, но и поради неодамнешните напади врз високи политичари во Европа и Азија.
Изворот исто така додаде: „Кремљ многу сериозно ја сфаќа безбедноста на Владимир Путин. Заштитен е од цела армија видливи и невидливи чувари.
Во извештајот се тврди дека 71-годишникот го носи заштитниот елек на настани на отворено барем од почетокот на 2023 година.
Исто така, во пријавата е наведено дека тоа го прави по препорака на службата за обезбедување што го чува.
Извори, како што пренесува медиумот, потврдиле дека тој носел панцир под јакната на 9 мај на Црвениот плоштад додека настапувал на големата парада на Денот на победата.