Руската државна телевизија емитуваше мапа на Русија на која се прикажани областите за кои водителката рече дека Украина може да ги нападне со оружје што го испорачува Западот.
Тоа доаѓа откако администрацијата на Бајден минатата недела изјави дека и дозволила на Украина да користи американско оружје за да нападне одредени цели во Русија.
За време на емитувањето на програмата, пропагандистката Олга Скабеева реагираше на случувањата со прикажување на мапа на региони за кои рече дека може да бидат погодени од оружјето што и се доставува на Украина.
“Сегодня Himars, послезавтра — Atacms”: у пропагандистов истерика из-за разрешения США атаковать цели на территории РФ
Скабеева утверждает, что сейчас происходит “поэтапная эскалация”. И как только россияне ответят, “НАТО и Пентагон переключатся на новые цели” pic.twitter.com/x9qaVwJ3US— Anri Tina (@Anri__Tina) June 4, 2024
„Денес ХИМАРС, утре – АТАКМС“: Пропагандистите се хистерични за дозволата на САД за напад на цели на руска територија. Скабеева тврди дека сега се случува „фазна ескалација“.
И штом Русите одговорат, „НАТО и Пентагон ќе продолжат кон нови цели“, напиша еден корисник на X.
Мапата ги истакнува регионите долж украинско-руската граница, вклучувајќи ги Белгород, Курск, Брјанск и Смоленск, како области кои би можеле да бидат нападнати, како и цели подлабоко во Русија, како што се регионите Рјазан, Тамбов и Саратов.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела предупреди дека земјите од НАТО „треба да бидат свесни дека си играат со оган“ откако и дозволија на Украина да ја нападне руската територија со западно оружје.