Вчера во периодот од 08.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Како што соопшти МВР, при контролата биле санкционирани вкупно 77 пречекорувања на брзината надвор од населено место (ТЕ-40 и ГВ-37), од кои 5 возачи (ТЕ-2 и ГВ-3) возеле со брзина од дури над 70 километри на час, а 26 (Те-13 и ГВ-13) со брзина од 50 до 70 км/час повеќе од дозволеното. При контролата исто така се констатирани и санкционирани 40 други видови прекршоци (ТЕ-23 и ГВ-17).
Истиот ден во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување.
При контролата биле откриени и санкционирани 27 прекршоци за непрописно престигнување (ТЕ-11 и ГВ-16). При контролата, исто така биле констатирани и 7 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. За прекршоците изготвени се предвидените поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, да внимаваат кај престигнуваат и да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, затоа што престигнувањето и брзината и во текот на оваа година се најчеста причина за сообраќајни незгоди.