Вишото јавно обвинителство Заечар соопшти дека е одредено задржување на осомничените за тешко убиство на двегодишната Данка Илиќ.
„На 04.04.2024 година во 07.00 часот по наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар, полициското одделение Бор им одреди приведување на Ј.С. (1974) од с.Лука и Д.Д. (1974) од селото Злот, поради постоење основи на сомнение дека на 26.03.2024 година и го одзеле животот на Данка Илиќ (2022) и дека како соизвршители сториле кривично дело тешко убиство“, се вели во соопштението.
Од Обвинителството потврдија дека преземаат мерки за прибавување и обезбедување на доказите неопходни за водење на кривична постапка против осомничените. Најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана за натамошниот тек на постапката.