Шалке е на работ на бездната, се размислува и за продажба на стадионот

GKPHG5lWkAA5NvL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седумкратниот шампион на Германија, освојувач на Купот на УЕФА во 1997 година и полуфиналист во Лигата на шампионите во 2011 година, Шалке е во големи проблем. Германската јавност шпекулира дека огромните проблеми со финасиите, клубот од Гелзенкирхен ќе се обиде да ги реши со продажба на стадионот.


Германските медиуми опширно се занимаваат со ситуацијата во која се наоѓа паднатиот гигант и дали доколку испадне во третата лига Шалке ќе мора да продава трофеи или ќе мора да го продаде и стадионот.

Сепак, извршниот директор на Шалке, Матијас Тилман, вели дека продажбата на стадионот не доаѓа предвид.

Финансиските проблеми започнаа во 2022 година, кога поради нападот врз Украина, клубот донесе одлука да ја раскине соработката со руската компанија „Гаспром“.

Шалке моментално е на 14. место во Втората лига на само седум меча до крајот на сезоната и само два бода над зоната за испаѓање.

Последните неколку години беа многу турбулентни за Шалке. Испаднаа од Бундеслигата во 2021 година, но експресно се вратија и повторно испаднаа.

Сега ситуацијата е уште потешка, а во бројни анализи германските медиуми повеќе од една деценија се занимаваат со начинот на кој се работи во клубот и особено нагласуваат дека Шалке на некои врвни фудбалери меѓу кои Мануел Нојер, Жоел Матип и Леон Горецка и овозможил бесплатно да си заминат од Глезенкирхен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK