На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

g.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четири лица се повредени, а еден маж почина во болница од повредите здобиени за време на протестите во турскиот округ Первари по локалните избори.


Во Первари избија протести откако кандидатот за градоначалник на партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган освои 52 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозициската партија ДЕВА 40 отсто, пренесува Ројтерс.

Заменик претседателот на ДЕВА, Мехмет Емин Екмен, убиениот го идентификуваше како брат на кандидатот на таа партија на изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK