Mосква со предупредување: Сајбер центарот на НАТО за хибридна војна во Албанија, загрозен e Балканот

ai-generated-g63374250c_1280.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НАТО и Европската унија ја прошируваат територијата на која се наоѓаат нивните сајбер центри насочени против Русија, а сега планот е да се изгради еден таков центар во Албанија, откри денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.


Таа предупреди дека „на овој начин може да се појави уште еден извор на хибридни закани на Балканот – регион кој се карактеризира со внатрешно-политички проблеми“.

Како што објаснува Захарова, фокусот на ваквите сајбер центри ќе биде ставен на Русија, која за Американците е „една од главните закани за американската стабилност во дигиталната сфера“.

Захарова потсети дека во 2017 година во Хелсинки беше отворен Европскиот центар за борба против хибридни закани.

Анализирајќи ја неговата работа, руските воени експерти дошле до заклучок дека „финскиот центар спроведува комплекс од активни мерки во воената, политичката, дипломатската, економската, информативната, медицинската и други сфери со цел да се наруши позитивниот имиџ на Русија“.

НАТО размислува да отвори сличен центар во Албанија, предупредува руското Министерство за надворешни работи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK