Предраг Мијатовиќ, поранешен југословенски репрезентативец и истакнат член на Партизан и Реал Мадрид, е казнет во Шпанија поради тоа што не дал финансиски извештаи.
Имено, поранешниот фудбалер, но и спортски директор на „кралскиот клуб“ е казнет од Даночната управа во Шпанија бидејќи не ги пријавил парите што ги добил од агенти.
Како што пренесува шпански „Периодико“, таа готовина била префрлена од сметка во Луксембург.
Мијатовиќ е санкциониран на 22.12.2023 година поради изнесување неточни податоци за средствата со кои располагал и кои ги користел.
Тогаш беше донесена пресуда во Врховниот суд на Мадрид, но „Периодико“ дури сега дојде до оваа информација и ја обелодени во јавноста.
Наводно, Мијатовиќ добил околу еден милион евра заеми од две швајцарски фирми што ги поседува.
Сепак, тоа не беше прикажано во Шпанија, а властите не знаеја ништо за тоа.
Со тие пари Мијатовиќ купил вила во богат дел на Мадрид.
Кога ќе биде потврдена пресудата ќе треба да плати казна од 285.000 евра.