Ибрахимовиќ ќе биде новиот тренер на Милан?!

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да започне со тренерска работа. Италијанците шпекулираат дека тој би можел да седне на клупата на Милан.


Позицијата на Стефано Пиоли сериозно е разнишана по поразот во Бергамо од Аталана. „Ла Република“, тврди дека Пиоли ќе доби отказ во случај на неуспех со Њукасл во Лигата на шампионите. Овој извор пишува дека доколку Пиоли добие отказ тогаш на клупата ќе го наследи двоецот Игнацио Абате – Златан Ибрахимовиќ.

Милан добро ја започна сезоната, се борише со Интер за врвот, но во последно време е во сериозна резултатска криза. Тешко дека Росонерите ќе ја минат групната фаза од Лигата на шампионите, а Јувентус и Интер веќе имаат сериозна предност на табелата во Серија А.

По поразот од Аталнта, Милан има девет поени помалку од лидерот Интер.

Во случај на пораз во Англија, Пиоли најверојатно ќе биде разрешен, а раководството на клубот сериозно ја разгледува можноста привремено да им ја предаде тренерската палка на поранешните играчи Ибрахимовиќ и Абате.

Шведскиот ветеран, кој се пензионираше на крајот од минатата сезона, требаше да биде назначен за менаџерски консултант, но луѓето од Милан сега го гледаат како идеална личност да биде дел од тренерското дуо покрај поранешниот дефанзивец на тимот Абате, кој брилијантно ги предводи јуниорите на Милан во Примавера.

Абате и Ибрахимовиќ беа соиграчи за време на првиот мандат на Швеѓанецот на „Сан Сиро“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK