Чави: Џирона е кандидат за шампионската титула

Чави-Џирона-е-кандидат-за-шампионската-титула.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тренерот на Барселона Чави и покрај поразот од Џирона со 4:2 во 16. коло на Ла Лига не е целосно незадоволен од играта на својот тим. Смета дека и неговиот тим можел да победи.

„Мислам дека натпреварот беше изедначен, ситини детали решаваа. Ни недостигаше ефикасност, но одигравме добро. Упативме 30 удари кон голот, можевме лесно да израмниме на 3:3. Планот на Џирона беше многу храбар, беа поефикасни“, изјави Чави и додаде:

„Џирона сега е седум бода пред нас, а тренерот Мичел и неговите играчи се неверојатни. Сепак, и да победевме, мислам дека ќе беше фер. Грешките во одбраната не однесоа во пораз“.

Чави вели дека поразот сепак е тежок удар за неговиот тим.

„Одбраната ме загрижува, заслуживме повеќе. Џирона е претендент за титулата, тие се многу силни. Мислам дека луѓето се повеќе лути поради поразот отколку како ние го доживеавме. На долг рок, мислам дека овој пораз нема да фрли сомнеж врз нашиот проект. Во игра се уште четири трофеи, сега сме во непријатна ситуација, но мора да продолжиме да веруваме“, заклучува тренерот на Барса.

Барселона следната сабота гостува кај Валенсија во 17. коло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK