Австријците се смрзнуваат: во делови од земјата се измерени -25 степени

Австријците-се-смрзнуваат-во-делови-од-земјата-се-измерени-25.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По саботниот снег и сообраќаен хаос во поголемиот дел од Австрија, вклучително и Виена, температурите на воздухот  се екстремно ниски во оваа земја.


Поларниот студ, меѓу другото, го зафати и северот на Австрија, каде утрово е забележана најниска температура од -25,4 степени Целзиусови, јавуваат австриските медиуми. Станува збор за местото Гугу во општина Либенау.

Но, и другите делови на Австрија беа погодени од обилен снег, силен ветер и екстремен студ. Според пишувањата на медиумите, утрово најстудено било во сојузната покраина Долна Австрија, која граничи со Виена.

Во Виена е забележано – 9, со студен ветер, кој често дува во главниот град на Австрија. Покрај сообраќајни незгоди, поради ниските температури, имаше и пречки во јавниот превоз, пишува Вечерњи лист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK