Бугарското МВР нема информации дека Љупчо Палевски се наоѓа на нивна територија

Бугарското-МВР-нема-информации-дека-Љупчо-Палевски-се-наоѓа-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бугарското МВР нема податоци дека Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, се наоѓа на територијата на Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми.


„Во моментов нема докази дека мажот, кој наводно е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишно девојче во Република Северна Македонија, се наоѓа на бугарска територија. Ова за „БТА“ го соопштиле од тамошното МВР.

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, стои во информацијата.

Доцна синоќа три лица се приведени во Северна Македонија за убиството на девојката од Скопје и 74-годишен велешанец. Министерот за внатрешни работи на РСМ, Оливер Спасовски денеска изјави дека се трага по уште две лица, од кои за едното има информации дека отишло прво во Белград, а потоа во Бугарија, потсетува „БТА“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK