Портпаролот на УНИЦЕФ: Никој не е безбеден на југот на Газа, бомбите паѓаат на секои 10 минути

Палестина-Израел-уби-деветмина-на-Западниот-Брег-ИДФ-Жителите-пукаа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на УНИЦЕФ Џејмс Елдер изјави дека никој не се чувствува безбедно во јужниот дел на Појасот Газа бидејќи бомбите паѓаат на секои 10 минути и изрази сериозна загриженост за израелската воена акција во областа на енклавата бидејќи Палестинците немаат каде да одат.


Елдер истакна дека ужасот што се случи на северот на Газа сега се повторува на југ и дека бомбите паѓаат на секои 10 минути, иако Палестинците беа евакуирани во областа од северниот дел на енклавата бидејќи израелската армија даде гаранции дека таму би биле безбедни, пренесува Би-Би-Си.

Елдер рече дека сега Палестинците во јужниот дел на Газа се изложени на постојана опасност и веќе се исцрпени и уморни од тоа што неколкупати се раселени.

Елдер истакна дека кога ниту тој не се чувствува безбедно, никој друг не може да се чувствува безбедно на југот на Појасот Газа бидејќи ниту болниците ниту засолништата не се безбедни места.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK