Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон изјави дека Тајсон Фјури во моментов е најдобриот боксер во светот.
Фјури и Украинецот Oлександар Усик ќе се борат на 17 февруари следната година во Ријад за обединување на сите титули во тешка категорија.
Тајсон објасни дека Фјури имал само лош тајминг против Нгaну.
„Не можеме да заборавиме што направи Фјури против Френсис Нгану, но мора да разберете дека тој се уште е светски шампион. Тој направи одличнo шоу. Му даде шанса на Френсис и тоа беше само еден лош настап за него. Сите имаме лоши моменти“, рекол Тајсон, пренесуваат британските медиуми.
Фјури е шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, а Усик ги држи шампионските појаси на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. Победникот на оваа борба ќе биде првиот боксер што ќе ги обедини сите појаси во тешка категорија по Ленокс Луис во 1999 и 2000 година.
„Со нетрпение ја очекувам борбата помеѓу Фјури и Усик. Навивам за Фјури бидејќи мислам дека тој ќе победи. Фјури е најдобриот боксер во светот, особено во тешка категорија. Големите борци губат, големите борци изгледаат лошо, но тоа не ги спречува да бидат големи борци“, рече Тајсон.