Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 50 минути, на улица „Вонвардарска“ во Тетово, привеле 17-годишник од Тетово.
Тој управувал патничко моторно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки и непоседувал никакви документи.
Полицијата соопшти дека се расчистува и документира случајот.