Денеска (18.11.2023) во 13.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.Б. (48) од Скопје.
Тој се барал по распишана централна потерница, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што издржувал казна затвор во времетраење од 7 години за сторени кривични дела по член 131 и член 237 од Кривичниот законик.
А.Б. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“, каде што има за доиздржување уште 2 години, 6 месеци и 14 дена затвор.