Трета победа за МЗТ Скопје во АБА2-лигата

Трета-победа-за-МЗТ-Скопје-во-АБА2-лигата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со нов триумф го завршија настапот на турнирот од АБА2 на Златибор, откако денес го совладаа Борац Бања Лука со 67:61.


Ова беше трета победа за аеродромци во петтиот меч сезонава во регионалното натпреварување.

МЗТ Скопје ја имаше контролата врз играта и резултатот во сите 40 минути, а клучната предност ја обезбедија во третиот период, кој го добија со 30:17. Клучна за триумфот беше серијата од 16:0 со која македонскиот шампион дојде до највисоките на мечот плус 19 (47:28).

Војдан Стојановски одново беше најпрецизен кај МЗТ Скопје со 15 поени и пет асистенции, додека веднаш зад него беа Душан Танасковиќ со 14 поени и пет скока, Дамјан Стојановски со 11 поени и седум скока и Ејасу Ворку со 10 поени и 10 скока.

Составот од Аеродром сега има скор 3:2 во пресрет на третиот турнир следниот месец во Шибеник, каде што ќе ги одмери силите со Подгорица односно Спартак Суботица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK